Развој на веб сајт

Развој на еден веб сајт е комплексен проект во кој е потребна инволвираност како на експертскиот тим така и на клиентот. Нашиот експертски тим може да обезбеди водење на проектот, техничка експертиза и услуги за развој, но искуството на клиентот со организацијата на деловните процеси и секојдневните операции се со критично значење за развој на веб сајт кој претставува екстензија на деловните операции во „вистинскиот свет“.

Да се развие веб сајт кој е лесен за користење за посетителите како и за персоналот кој го одржува, треба да се поминат следните клучни точки од развојот на проектот:

Избор на платформа

Создавањето на еден веб сајт вклучува избор на софтверска платформа на која се развива целиот веб сајт. Модерните веб патформи се изградени како комбинација на различни компјутерски јазици како XHTML, CSS, ASP, JavaScript, PHP итн. Овие платформи ги регулираат релациите помеѓу т.н. front-end (она што го гледаат посетителите) на веб сајтот, back-end (алатките на администраторот кои се користат за одржување на сајтот) на сајтот и базата на податоци. Вообичаеното име за овие платформи е Web Content Management System – WCMS (веб систем за раководење со содржина). Добар WCMS му овозможува на корисник со било какво ниво на ИТ познавања да објавува и одржува содржина на веб сајтот.

4Вард има развиено свој WCMS – eazyio. Eazyio платформата има модуларна градба која овозможува лесно надградување, интеграција со екстерни апликации и поврзување со дистрибуирани бази на податоци.

Развој на архитектура

Архитектурата на еден веб сајт може да се опише како интелектуална дисциплина на организација на содржината на веб сајтот.

Дизајн на веб сајт

Веб дизајн ги опфаќа практичните задачи, дел графички и дел технички, за дизајн и објавување на еден веб сајт.

Раководење со содржина (content management) и дефиниција на работни текови

Раководење со содржината (content management) е множество на процеси и технологии кои го поддржуваат еволутивниот животен процес на дигиталните информации. Овие дигитални информации се најчесто дефинирани како содржина или попрецизно како дигитална содржина. Дигиталната содржина може да биде во форма на текст, како документи, мултимедијални фајлови како аудио и видео фајлови или било кој друг на фајлови кои следат одреден животен тек на содржината кој е потребно да се раководи.

Дефинирање на работен тек подразбира идентификација на кориснички улоги (ролји), правила за создавање и објавување на содржината и верзионирање на истата.

Наменска конфигурација на платформата

Секој модул кој претставува градежен блок во eazyio WCMSот има множество на стандардни карактеристики кои се интегрирани како резултат на нашето искуство со вообичаените барања на нашите клиенти, но не постојат два бизниси и аналогно на тоа – клиенти кои ги имаат истите барања. Следствено на ова платформата за одржување на веб сајтот мора да биде конфигурирана на база на предложената архитектура на веб сајтот и специфичните барања на клиентот за функционалноста на веб сајтот.

Создавање и внесување на податоците

Податоците на веб сајтот се во многу различни форми (текст, слики, мултимедија, информации...). Со користење на WCMS и со следење на архитектурата на веб сајтот ова множество на податоци може да се внесе во сајтот и да се презентира на корисниците. Некои клиенти имаат подготвени податоци кои би сакале да ги презентираат на својот веб сајт, но често овие податоци треба да се создадат.

Нашите експерти и партнери можат да обезбедат copywriting (професионално пишување), техничко пишување и дизајн услуги за да им асистираат на нашите клиенти во создавањето на содржината на веб сајтот. Исто така обезбедуваме услуги за внес на големи количини на податоци како листи на производи или детали за производи на веб сајтот.

Избор на хостинг

Секој веб сајт треба да се хостира(паркира) на хостинг сервер (компјутер поставен во сигурна средина со безбедна интернет конекција). Во зависност од големината на веб сајтот како и во однос на очекуваниот број на посетители и фреквенција на посета, хостинг решението може да биде:

·         Хостинг пакет на заеднички сервер (shared hosting package)

·         Дедициран хостинг сервер

·         Систем од повеќе хостинг сервери

·         Cloud hosting

Врз основа на податоците добиени од клиентот и анализата на неговата индустријата и целна публика нашите експерти можат да развијат предвидувања за хардверското оптоварување и протокот на податоци (bandwidth) за веб сајтот. На база на оваа експертиза се предложова хостинг решение кое ја зема во предвид цената во однос на ефективноста и скалабилноста.

Интеграција со екстерни апликации

Во многу ситуации потребно е еден веб сајт да прима или праќа информации од и до екстерни системи. Во такво сценарио одредени активности треба да се извршат за да се обезбеди соодветен проток на информациите и соодветно искористување на ресурсите.

Ние имаме големо искуство со интеграција на eazyio WCMS со екстерни апликации како наменски интранет, ERP апликации, CRM апликации, дистрибуирани бази на податоци и други веб сајтови или сајтови за социјализација (пример: Facebook, Myspace…).

 

Новости

4ward.mk Бета

Следејќи го развојот на комплетно нов бренд идентитет на нашата компанија, направивме целосен редизајн и подобрување на функционалноста на нашиот веб сајт. »»

Новиот имиџ на нашиот бренд

Како што детето поминува низ различни фази од раѓање до адолесценција, така и секоја компанија поминува низ процес на развој. Низ својот развоен пат 4Вард растеше, а со тоа растеше и нашето знаење и експертиза. »»

Кариера во 4вард

Без разлика дали се пријавувате преку оглас за вработување или самоиницијативно, ние секогаш бараме таленти, иновативни луѓе кои се посветени на развој на себе си и стремење кон перфекција. Креирајте персонален профил и уплодирајте свое CVили ако веќе имате логирајте се и ажурирајте ги вашите информации

v4.0 Beta