Новиот имиџ на нашиот бренд

Како што детето поминува низ различни фази од раѓање до адолесценција, така и секоја компанија поминува низ процес на развој. Низ својот развоен пат 4Вард растеше, а со тоа растеше и нашето знаење и експертиза. Во последните 4 години имиџот на нашиот бренд исто така еволуираше со тенденција да се следи развојот на компанијата и да се комуницира нашата работна филозофија.

4Вард ги направи своите први чекори како независен бизнис во веб дизајн индустријата во 2002 година. Почетниот работен модел беше базиран на моделот на креативен бутик.

Првото 4Вард лого се состоеше од стрелка налик на латиничната буква “D” со точка во средината. Корпоративните бои беа црна и магента.

4Ward
 
Во 2005 4Вард беше и официјално регистрирана како компанија во Македонскиот Централен Регистар. Сега кога 4Вард веќе имаше и официјално излезено на пазарот во оваа индустрија, мораше да има и слоган. Работејќи и размислувајќи како визионерите кои што бевме (и какви што се уште сме) и мислејќи пред време... чекај, мислејќи!? Мислење (thinking)! Овој слоган изгледаше соодветно - стоеше добро со логотипот и ја пренесуваше нашата филозофија на размислување понапред од пазарот и нашите клиенти. Преработеното лого беше родено:
 
4Ward

Тоа всушност не беше ново лого, туку продолжена верзија на првото која го вклучуваше и слоганот. Целосниот идентитет на нашиот бренд се уште беше несигурен, и се уште се трагаше по вистинското решение.

Како што растевме и стекнувавме повеќе клиенти  ја почувствуваме потребата да ја комуницираме нашата креативност во подем и да го рашириме гласот за ова преку конзистентна палета на корпоративни материјали. За да го направиме тоа, ни беше потребно лого кое ќе не “ослободи” и дизајн кој ќе може да го прикаже начинот на кој се чувствувавме – креативни и различни. Така се роди и второто 4Вард лого во 2007 година:

4Ward

Корпоративните бои останаа исти, но со акцент на магентата наспроти црната за да се истакне позитивно чувство и да се осветли дизајнот. Ова лого ни дозволи да креираме модерни, свежи и привлечни дизајни за сите корпоративни материјали. Во тоа време не размислувавме за атрибутите на голем бренд. Само сакавме да изгледаме добро и да се изразиме креативно.

Од тогаш 4Вард еволуираше од креативен бутик во високо професионална компанија со 15 вработени и завидна база на национални и интернационални клиенти. Го креиравме нашиот прв производ (eazyio CMS)и ја препознавме потребата да изградиме и одржуваме бренд стратегија. Пораката која сакавме нашиот бренд да ја комуницира е дека нудиме професионални услуги. Ни беше потребен знак кој ќе отскокнува,, кој ќе биде практичен, ќе комуницира графички, со едноставна форма, ќе испраќа единствена порака и ќе биде на соодветен на нашата компанија. (Spaeth, Toni.” The Six Universal Attributes Of a Great Mark”. IDENTITYWORKS.com; http://www.identityworks.com/issues/issues1.htm).

Како резултат на тоа, беше родено новото лого:
4Ward 
 

Креиравме нов имиџ на нашиот бренд, за да ја поддржиме нашата глобална бизнис стратегија на демонстрирање вистинско лидерство во нашата професија и станување на покохерентна организација.

Се надеваме дека ќе видите многу позитивни промени од 4Вард почнувајќи со новиот идентитет на нашиот бренд..

Кариера во 4вард

Без разлика дали се пријавувате преку оглас за вработување или самоиницијативно, ние секогаш бараме таленти, иновативни луѓе кои се посветени на развој на себе си и стремење кон перфекција. Креирајте персонален профил и уплодирајте свое CVили ако веќе имате логирајте се и ажурирајте ги вашите информации

v4.0 Beta