Кариера во 4Вард
Во 4Вард сме посветени на идниот развој, постојана едукација и креативност. Кариерата во 4Вард е ориентирана кон иднината. Ние го охрабрувам развојот во самата организација и се стремиме кон создавање на простор за совршенство.
Волонтирајте кај нас
Доколку сакате да се стекнете со нови вештини, знаења и искуство, сакате да истражувате за Вашата можна идна професија и да го употребите слободното време на конструктивен и креативен начин, тогаш дојдете и волонтирајте кај нас.
Програма за пракса
Целта на нашата програма за пракса е да Ви даде можност да имате искуство како вработен на 4Вард. Ќе Ви биде дадена шанса за понатамошен развој на Вашите вештини и знаења и ќе добиете јасна слика за сите аспекти на кариерата кон која се стремите.
Вработување
Вработените во 4Вард имаат шанса да ги покажат својот талент и креативност, да ги развијат своите вештини и да ги употребат во иновативни проекти. Во 4Вард веруваме во еднакви можности за вработување и вредно работиме на создавање на одлични услови за работа.
Без разлика дали преку официјален оглас за работа или Ваша лична иницијатива, ние секогаш бараме талентирани, иновативни луѓе кои се посветени на сопствен развој и се стремат кон совршенство.
Селекција во 4Вард
Процесот на селекција во 4Вард се состои од 5 фази.
· Прелиминарна селекција: Утврдување дали кандидатот ги исполнува минималните критериуми за работното место за кое аплицирал.
· Прво интервју: Првото интервју се состои од два дела, технички дел и дел за личноста и служи за понатамошно истражување на квалитетите на кандидатот.
· Тест за вештини и образование: Специјално создаден тест со цел да се истражат знаењата; и вештините на кандидатот.
· Второ интервју: Kандидатите влезени во вториот круг се сретнуваат со менаџерите на 4Вард и се собираат последните информации. Овие информации се употребуваат за финалната селекција на кандидатите.
· Пробен период: На избраниот кандидат му е дадена можност да научи за начинот на работа во 4Вард, да се запознае со вработените и подобро да се запознае со компанијата како целина. На кандидатот му се дава можност да се докаже во областа на работната позиција за која аплицирал. Оваа фаза им овозможува на кандидатот и на компанијата да увидат дали го направиле вистинскиот избор и дали соработката ќе продолжи во иднина.
Новости
Следејќи го развојот на комплетно нов бренд идентитет на нашата компанија, направивме целосен редизајн и подобрување на функционалноста на нашиот веб сајт.
»»
Како што детето поминува низ различни фази од раѓање до адолесценција, така и секоја компанија поминува низ процес на развој. Низ својот развоен пат 4Вард растеше, а со тоа растеше и нашето знаење и експертиза.
»»
Кариера во 4вард
Без разлика дали се пријавувате преку оглас за вработување или самоиницијативно, ние секогаш бараме таленти, иновативни луѓе кои се посветени на развој на себе си и стремење кон перфекција. Креирајте персонален профил и уплодирајте свое CVили ако веќе имате логирајте се и ажурирајте ги вашите информации