Наша Филозофија
Основата на нашиот успех во проектниот развојот е нашата стратегија за дистрибуиран развој. Сите услуги обезбедени во еден проект се дистрибуирани на соодветни експерти од различен сектор (графички дизајн, GUI развој, програмирање, развој и планирање на дата бази). Овој тип на пристап „раздели па владеј“ ни овозможува да ги освоиме дури и најголемите предизвици и да одржиме висок квалитет на услугите низ сите проектни фази.
Во нашата работа имплементираме глобални стандарди за квалитет за да осигуриме најдобро искуство и услуга за нашите домашни и интернационални клиенти. Во нашата работа ги применуваме W3C (
XHTML CSS)стандардите, имаме развиено интерна книга на .NET стандарди за кодирање и исто така сме во процес на имплементација на
ISO 9001:2001 Сертификат за квалитет на менаџмент. 4Вард е регистриран член на
Microsoft | Партнер Програмата и ги користиме најновите софтверски солуции и ресурси, истовремено подредувајќи ги нашите активности и работа со глобалната Microsoft мрежа.
Новости
Следејќи го развојот на комплетно нов бренд идентитет на нашата компанија, направивме целосен редизајн и подобрување на функционалноста на нашиот веб сајт.
»»
Како што детето поминува низ различни фази од раѓање до адолесценција, така и секоја компанија поминува низ процес на развој. Низ својот развоен пат 4Вард растеше, а со тоа растеше и нашето знаење и експертиза.
»»
Кариера во 4вард
Без разлика дали се пријавувате преку оглас за вработување или самоиницијативно, ние секогаш бараме таленти, иновативни луѓе кои се посветени на развој на себе си и стремење кон перфекција. Креирајте персонален профил и уплодирајте свое CVили ако веќе имате логирајте се и ажурирајте ги вашите информации