Историја
4Вард е основан во 2005 како партнерска фирма. 4Вард започна како мала компанија со големи идеи и за кратко време успеа да најде начин да ги понуди своите иновативни решенија на пазарот. Водени од идејата за спој на естетика и техничка супериорност започнавме со развој на два сектора – графички дизајн со DTP и софтверско инженерство. Првично изработувавме веб страни и DTP услуги за неколку македонски клиенти. Нашата работа се докажа како многу успешна и за кратко време започнавме со работа на поголеми проекти за домашни и интернационални клиенти.
4Вард се етаблираше на Македонскиот пазар како почитуван партнер на големи компании во приватниот, невладиниот и владиниот сектор. Следуваа интернационални маркетинг кампањи, повеќе тендери од проекти финансирани од ЕУ, со што ги докажавме високите стандарди на услугите кои ги нудиме.
Во текот на своите 4 години постоење, 4Вард континуирано го зголемува бројот на клиенти како и на вработени. Во 2007 се преселивме во нови простории целосно опремени со најнапредна опрема. Идејата за “4Ward thinking...” (напредно размислување) во секоја област од секогаш била, е и ќе биде водечка сила во сите аспекти на развојот на компанијата.
Денес главните активности на 4Вард се состојат од ИКТ консултации и софтверско инженерство. Пораснавме во компанија со над 100 домашни и интернационални клиенти, 15 вработени и канцеларија комплетно опремена со модерна инфраструктура. Го создадовме нашиот прв производ eazyio CMS кој е има над 100 имплементации. Се стекнавме со големо искуство во областа на развој на софтверско инженерство, ICT развој и консултации, графички дизајн и адвертајзинг.
Новости
Следејќи го развојот на комплетно нов бренд идентитет на нашата компанија, направивме целосен редизајн и подобрување на функционалноста на нашиот веб сајт.
»»
Како што детето поминува низ различни фази од раѓање до адолесценција, така и секоја компанија поминува низ процес на развој. Низ својот развоен пат 4Вард растеше, а со тоа растеше и нашето знаење и експертиза.
»»
Кариера во 4вард
Без разлика дали се пријавувате преку оглас за вработување или самоиницијативно, ние секогаш бараме таленти, иновативни луѓе кои се посветени на развој на себе си и стремење кон перфекција. Креирајте персонален профил и уплодирајте свое CVили ако веќе имате логирајте се и ажурирајте ги вашите информации